Прескокни до содржината
Закажи бесплатен разговор075 795 625 · Viber

Автоматизација на процеси. Повторливите задачи се вршат сами.

Цели текови на работа, од барањето за понуда до закажаната работа, се одвиваат сами во алатките што веќе ги користите. Без препишување и без заборавени чекори, а важните одлуки остануваат кај Вас.

Пример

Барање за понуда · Петар Николов

09:02

  1. Барањето пристигнаод веб-страната
  2. Понудата е подготвенаод Вашиот ценовник
  3. Одобрена и испратенасо еден клик
  4. Прифатена · терминот е закажанГотово, без рачна работа

Кои задачи ги автоматизираме. Оние што се повторуваат секој ден.

Неколку примери. Во разговорот ги наоѓаме задачите што Вам Ви земаат најмногу време.

  • Од барање до понуда

    Барањето за понуда се прима, понудата се подготвува од ценовникот и чека Ваше одобрување.

  • Нарачки до добавувачи

    Кога залихата е при крај, нарачката до добавувачот се подготвува и чека Ваше одобрување.

  • Преглед на денот

    Термини, нарачки и задачи за денот, во една порака наутро.

  • Пораки до клиенти

    Потврди, потсетници и благодарници се праќаат во вистинскиот момент.

  • Податоци меѓу програми

    Она што е внесено на едно место се појавува и на друго, без копирање.

  • Рокови и плаќања

    Потсетник пред рокот за плаќање, договор или сервис, до вистинското лице.

Како настанува една автоматизација. Ништо не се пушта додека не е проверено.

  1. Разгледуваме

    Ја разгледуваме задачата чекор по чекор, онака како што ја работите денес.

  2. Градиме

    Ги поврзуваме Вашите алатки. Таму каде што е важно, одлуката останува кај Вас.

  3. Проверуваме

    Тестираме со Ваши вистински примери пред да ја пуштиме во работа.

  4. Водиме

    Ја следиме секој месец. Ако нешто запне, добиваме известување и реагираме.

Со алатките што веќе ги имате.

Не мора да менувате програми. Ги поврзуваме оние што тимот веќе ги знае.

  • Е-пошта
  • Табели
  • Календар
  • Viber
  • Веб-продавница

Најчесто за стоматолошки и естетски ординации

Нарачки на потрошен материјал, следење на плановите за третман и покани за контрола.

Погледнете ја страницата за клиники

Прашања за автоматизацијата.

Што е автоматизација на бизнис процеси?

Задачите што се повторуваат, како понуди, нарачки, потсетници и препишување податоци, се вршат сами, по однапред договорени правила. Вие ги одобрувате важните чекори, а остатокот оди без рачна работа.

Што ако нешто тргне наопаку?

Секоја автоматизација ја следиме. Ако нешто запне, добиваме известување и го решаваме, а важните чекори секогаш чекаат Ваше одобрување.

Мора ли да менуваме програми?

Не. Ги поврзуваме алатките што тимот веќе ги користи. Нова алатка предлагаме само ако навистина ќе Ви заштеди време.

Колку брзо ќе видиме разлика?

Веднаш штом автоматизацијата ќе почне да работи, задачата повеќе не ја правите рачно. Затоа почнуваме со задачата што Ви зема најмногу време.

Колку чини?

По бесплатниот разговор добивате пишана понуда, приспособена на обемот на Вашата работа. Цената зависи од тоа што ќе поставиме, и ја знаете пред да почнеме.

Колку часови неделно губи Вашиот бизнис? Дознајте во еден разговор.

Закажи бесплатен разговор

Околу 30 минути · бесплатно