Прескокни до содржината
Закажи бесплатен разговор075 795 625 · Viber

За нас

Ја преземаме работата што никој не ја сака. За да имате време за онаа што ја сакате.

Зошто постоиме.

Многу бизниси секој ден губат време и пари на повторливи задачи во кои лесно се греши. Притоа го губат прегледот над тоа што се случува, па одлуките се носат на брзина, без целата слика.

Тие бизниси немаат проблем со својата работа. Проблемот е сè околу неа: табелите, тетратките, пораките и прашањата што секој ден се повторуваат. А сопственикот често сам ја врши таа работа, наместо да го води и развива бизнисот.

Нашата мисија е тоа да го смениме. Таа работа ја преземаме ние: ја поставуваме, ја водиме и секој месец ја подобруваме.

Никола Недески

Основач, Synaqt

Во што веруваме.

  • Јасна понуда

    Пишана понуда пред да почнеме, со точно наведено што е вклучено. Знаете за што плаќате.

  • Едно лице за сè

    Едно лице што го познава Вашиот бизнис и Ви одговара. Не тикет, не центар за поддршка.

  • Постојано подобрување

    Не поставуваме и заминуваме. Системот го водиме и го подобруваме секој месец.

Како работиме. Четири правила.

Почнуваме чекор по чекор
Прво го решаваме она што најмногу Ве оптоварува. Остатокот доаѓа кога ќе го видите резултатот.
Кажуваме кога не вреди
Ако нешто не Ви заштедува време, нема да Ви го продаваме.
Податоците се Ваши
Ако заминете, ги носите сите. Секогаш.
Ние одговараме
Ако нешто запне, наша работа е да го поправиме, не Ваша.

Колку часови неделно губи Вашиот бизнис? Дознајте во еден разговор.

Закажи бесплатен разговор

Околу 30 минути · бесплатно