Системи за управување со клиенти и ресурси. Онлајн закажување термини, сè на едно место.
Клиентите сами закажуваат термини онлајн и добиваат потсетник, а досиејата, документите и залихата се на едно место. Ние го поставуваме системот, ги внесуваме Вашите податоци и го обучуваме тимот.

Пример
Четврток, 12 ноем.
8 термини
- Онлајн
- 5
- Потсетени
- 8
- Слободни
- 2
- 09:00Елена Костова · Контрола
- 10:30Горан Илиев · Прв преглед
- 11:15Нов термин · онлајнНово
- 12:00Слободно
Што добивате. Пет делови на еден систем.
Закажување
Вие го поставувате календарот, клиентите сами закажуваат.
Ги одредувате работното време, услугите и траењето на секој термин. Клиентите закажуваат онлајн, од Вашата веб-страна, гледаат само слободни термини и сами можат да го поместат или откажат терминот. За секоја промена добивате известување.
- Календар за секој член на тимот и секоја просторија
- Откажаниот термин автоматски им се нуди на клиентите од листата на чекање
- Термините закажани по телефон се внесуваат на истото место
Пример
Изберете термин
Контрола · 30 мин
- ПОН9
- ВТО10
- СРЕ11
- ЧЕТ12
- ПЕТ13
- 09:00
- 09:30
- 11:15
- 13:00
- 14:30
- 16:00
Потврди · среда, 11:15
Досиеја
Целата историја на клиентот, на еден клик.
Електронска евиденција на клиенти: посети, белешки, документи и контакт на едно место. Секој во тимот го гледа само тоа што му треба.
- Белешки по секоја посета
- Пребарување по име или телефон
- Пристап по улога во тимот
- План за третман на секој клиент
Пример
Елена Костова
070 214 558 · клиент од 2024
- 12.11.Контрола · следна за 6 месеци
- 03.05.Прв преглед · белешка додадена
- 03.05.План за третман · 3 посети
Документи
Сите документи и фотографии, подредени по клиент.
Договори, согласности, обрасци и фотографии пред и по третман се чуваат кај клиентот и посетата на кои припаѓаат. Што и да работите, секој документ е таму каде што го очекувате.
- Обрасци што се пополнуваат со податоците на клиентот
- Пребарување по клиент, датум или вид документ
- Сè е зачувано и има резервна копија
Пример
Документи · Елена Костова
- Согласност.pdfЗачувано
- Договор за услуга.pdfЗачувано
- Фотографија пред третман.jpgНова
Потсетници
Потсетници за термини што се праќаат сами.
Системот сам им праќа потсетници на Вашите клиенти, преку Viber, WhatsApp или SMS. Помалку клиенти пропуштаат термин, а повеќе се враќаат на контрола или следен третман.
- Потсетник пред секој термин, со потврда во еден одговор
- Покана за контрола или следен третман, во вистинско време
- Пораки во Ваш тон, со Ваше име
Пример
Viber · утре 10:00
Испратено
Почитувана Елена, Ве потсетуваме за терминот утре во 10:00. Одговорете 1 за потврда или 2 за откажување.
1
Терминот е потврден
Залиха и опрема
Никогаш не останувате без залиха.
Управување со залиха со целосна евиденција: колку имате од секој материјал и производ и колку троши секоја услуга. Кога нешто е при крај, системот навреме Ве потсетува.
- Потрошувачка по услуга и по производ
- Минимум за секој артикл, со потсетник
- Сервис и рок на опремата
Пример
Залиха · при крај
2 артикли
- Ракавици за една употреба, M3 / мин. 10
- Дезинфекциско средство, 5 L1 / мин. 3
Потсетникот Ви е испратен
Види залихаВие го поставувате календарот, клиентите сами закажуваат.

Види залихаНајчесто за
Стоматолошки и естетски ординации
Термини по лекар и ординација, досие за секој клиент, потсетници пред контрола и залиха на потрошен материјал. Поставено како што веќе работите.
И за секој бизнис со термини
- Психолози и терапевти
- Физиотерапија и рехабилитација
- Салони и студија
- Сервиси и работилници
Што е вклучено. Не само софтвер.
По бесплатниот разговор добивате пишана понуда, со точно наведено што е вклучено.
- Анализа
- Гледаме како работите денес и што треба системот да прави.
- Поставување
- Услуги, термини, тим, простории и цени, подесени за Вас.
- Внес на податоци
- Ги пренесуваме постојните клиенти, термини и залиха. Вие не препишувате ништо.
- Обука на лице место
- Го обучуваме целиот тим во Вашиот простор, додека сите не се почувствуваат сигурни.
- Месечна грижа
- Ажурирања, резервни копии и подобрувања. Едно лице што одговара, на телефон и Viber.
Прашања за системите.
Што се случува со податоците што ги имаме сега?
Ги пренесуваме ние: од тетратки, табели или стара програма. Тоа е дел од поставувањето.
Дали работи на телефон?
Да. Системот работи на телефон, таблет и компјутер. Клиентите закажуваат од телефон, а Вие ги гледате термините каде и да сте.
Може ли да почнеме само со закажување?
Да. Можете да почнете со онлајн закажување и потсетници, а досиејата, документите и залихата да ги додадете подоцна, во истиот систем.
Колку трае поставувањето?
Зависи од обемот. Анализата трае неколку дена, а изработката на системот неколку недели. Потоа, за неколку дена ги внесуваме податоците и го обучуваме тимот на лице место. Точниот рок е наведен во понудата.
Која е разликата од една обична апликација за закажување термини?
Апликацијата ја добивате празна и ја поставувате сами. Ние го поставуваме системот за Вас, ги внесуваме податоците, го обучуваме тимот и остануваме покрај Вас секој месец.

Колку часови неделно губи Вашиот бизнис? Дознајте во еден разговор.
Закажи бесплатен разговорОколу 30 минути · бесплатно